Почнаа дискусиите на техничко ниво меѓу Грција и кредиторите

Од:

Првите дискусии меѓу грчките власти и кредиторите за третиот пакет финансиска помош за Грција, почнаа вчера на техничко ниво, и денеска ќе продолжат со поголем интензитет, соопшти грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос.

– Ќе го проучиме и имплементираме договорот на Еврогрупата и евросамитот. Се надеваме дека се ќе оди добро, изјави Цакалотос по состанокот на Владиниот совет за економска политика.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, официјален претставник на грчкото Министерство за финансии вчера соопшти дека преговорите со кредиторите на техничко ниво ќе почнат денеска. На дневен ред, меѓу другото, ќе бидат прашања што се однесуваат на фискалните, пензиските и трудовите реформи.

Грчкото Министерство за финансии соопшти дека прашањето за дополнителен трет пакет реформи не е покренато, во согласност со договорот од самитот на 12 јули, ниту во писмото на министерот за финансии Цакалотос до Европскиот механизам за стабилност.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали