Почна саемот на мебел на рекордни 11 саемски хали

Од:

Меѓународниот саем на мебел денеска на Скопскиот саем почна во рекорден број саемски хали, со богата понуда, нови дизајни и попусти за посетителите. Најголемиот дел од изложувачите се домашни компании, а присутни се и компании од  Италија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Косово.

– Меѓународниот саем на мебел оваа година обединува рекордни 11 хали во кои има 180 директни домашни и странски изложувачи и 400 индиректни изложувачи кои на граѓаните ќе им понудат повеќе од 11.000 изложени парчиња мебел. Имено, станува збор за една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко која во минатата година беше посетена од повеќе од 50.000 посетители кои и оваа година со нетрпение го очекуваа саемот поради своите оригинални декорирани изложбени простории во кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво, изјави оперативниот директор на проект во Скопски саем, Магдалена Хамбова.

saemmebel (1)

Таа додава дека се бележи поголем број присутни компании од Македонија што укажува на подем на производството на мебел  во земјава.

Традиционално и на ова издание ќе бидат доделени награди за најдобрите експонати, кои ќе се оценуваат од стручна комисија.

Саемот за посетителите ќе работи секој ден до недела во периодот од 10 до 20 часот.

Влезот за саемската манифестација чини 100 денари. Се очекува на годинашното издание да биде надмината бројка од 50.000 посетители.

Би можело да ве интересира

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Орце Костов

Водечката компанија за опремување канцеларии во Регионот Адриа официјално отвори нов изложбен салон во Скопје

Предраг Петровиќ

Почнува Саемот на мебел 2023

Ана Ололовска

Прима е природен избор – природен дел од вашиот дом

25 години заедно, 25 години Мебел-Ви