По привремениот прекин, „Повардарие” продолжува да откупува грозје

Од:

По привремениот прекин со откуп поради пренатрупаност со грозје и неопходност од време тоа да биде преработено, винарската визба „Повардарие” од Неготино продолжува со откупување и преработка на грозје од годинешнава гроздоберска реколта, потврдија денеска за МИА од винарницата.

– Од објективни причини моравме да направиме мал прекин во откупот бидејќи пред винаријата се создаде голема колона трактори кои донесоа грозје. Нашиот капацитет е ограничен во поглед на преработката на грозје и затоа решивме првин да го преработиме грозјето што веќе беше обрано, па потоа да продолжиме со откупот. Како што ветивме, по времениот прекин, додека  паѓаше и дожд и бербата беше и природно стопирана, повторно откупуваме грозје, соопштија од винарницата.

Нагласуваат дека откупот е со претходна најава за да не се создаваат гужви, а ќе трае се додека има грозје.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

Орце Костов

Николовски: Малите семејни винарии се успешна приказна, регистрирани 173 вакви винарии

Горан Наумовски

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Вкупно 87 договори за грант поддршка на мали семејни винарии доделени во Неготино

Утре ќе се доделат договори за грантови до 10 илјади евра за мали семејни винарии