Пешевски: Економските програми насочени кон економскиот развој

Од:

Натамошна изградба на економските развојни зони наменети за странски и домашни инвеститори, ангажирање на општинската администрација за олеснување на условите за инвестирање и правење бизнис во сите општини, довршување на повеќе хидросистеми…

Тоа се дел од клучните активности во економските проекти во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, насочени кон економскиот развој на општините, што ги претстави денеска на прес-конференција Владимир Пешевски, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер за економски прашања.

Според Пешевски, изградбата на економските развојни зони наменети за странски и домашни инвеститори во голем дел од општините дале видливи резултати, поради што со такви активности ќе се продолжи и во иднина.

– Тука, пред се, сметам на индустриската зона Жабени во Битола во која веќе во изградба се неколку фабрики од поголем капацитет, индустриската зона Алинци во Прилеп за која интерес покажаа голем број домашни инвеститори, како и зоните Речани 1 и 2, УЗУС во Велес каде што повеќе локални фирми веќе градат свои нови капацитети. Исто така и примерите со големите странски инвестиции Џонсон Контролс во Штип, Дрекслмаер во Кавадарци, Кромберг и Шуберт во Битола, економските зони во општина Илинден се добар пример како со планирана и динамична работа општините можат да дадат силна поддршка во развојот на економијата и стопанството, рече Пешевски.

Тој истакна дека голем дел од активностите за изградба и отворање на индустриските и економските зони кои ги реализираа општините, се остварени со силна поддршка од Владата, преку намалување на цената на градежното земјиште на по едно евро за метар квадратен. Соработката на општините и Владата на РМ, посочи, ќе продолжи и во иднина со цел да обезбедиме силен напредок и економски раст на нашите општини.

Во иднина, додаде, ќе се работи и на изградба на инфраструктурата внатре во индустриските зони и инфраструктурата до нив, како еден од предусловите за привлекување што е можно повеќе странски и домашни инвеститори. Воедно, како што рече, ќе се обезбеди максимална мобилизација на потенцијалите на општинската администрација, по примерот на успешната работа на локалните администрации во Битола и Прилеп во насока на олеснување на условите за инвестирање и правење бизнис во сите општини во Македонија.

– Ќе продолжиме да работиме на довршување на неколку хидросистеми во РМ, со кои директно ќе се помага развојот на земјоделството, но истовремено и ќе се заштитат неселените места од последиците од секои поголеми обилни врнежи. Ова, според нас, ќе бидат сегментите кои ќе придонесат кон забрзан економски развој на општините, ќе го подобрат стандардот на граѓаните и ќе отворат нови работни места, наведе вицепремиерот и член на Извршен комитет Владимир Пешевски.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов