Пекинг и Лондон планираат договор за слободна трговија

Од:

Кина и Велика Британија планираат да почнат разговори за Договор за слободна трговија меѓу двете земји по излезот на Лондон од Европската унија, соопшти денеска во Пекинг новиот британски министер за надворешни работи Џереми Хант.

Хант ја избра Кина за прва посета надвор од Европа, откако стана министер за надворешни работи на почетокот на јули, откако Борис Џонсон поднесе оставка поради несогласувања со премиерката Тереза ​​Меј за нејзината стратегија за Брегзит.

На заедничка прес-конференција со кинескиот колега Ван И, Хант објави дека Пекинг предложил договор за слободна трговија со Велика Британија кога земјата ќе ја напушти ЕУ кон крајот на март 2019 година.

– Разговаравме за предлогот на министерот за надворешни работи Ван И да почнеме разговори за договор за слободна трговија меѓу Велика Британија и Кина по Брегзит, рече Хант

За време на посетата на Пекинг на почетокот од годинава, Меј зборуваше за забрзување на разговорите за отстранување на трговските бариери меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски