Официјален Пекинг ја одби првичната пријава на Тајван, за да биде член на Азиска Инфраструктурна Инвестициска Банка, неприфаќајки го името на земјата под кое се пријавила владата во Тајпеј.
Според кинеското толкување, тајванските власти се пријавиле под име кое „означува независна држава“ со што Пекинг не се согласува, па од владата во Тајпеј е побарано, својата апликација за членство во новата банка,да ја даде со друго „соодветно име“ прифатливо за Кина.
Владата во Пекинг во последната деценија се согласи за воспоставување односи со Тајпеј, но островот Тајван не го прифаќа и не го признава како независна држава. За НР Кина, станува збор само за „отцепена провинција“ која треба да се врати кон „земјата-матица“.
За властие во Тајпеј, пак, уште од времето на завршувањето на граѓанската војна и создавањето на НР Кина, на 1 октомвр 1949 година, островот на кои пребегнаа поразените, антикомунистички сили на Куоминтангот, претставува независна држава чие уставно име е „Република Кина“.
Само десетина држави во светот го принзваат Тајван како „Република Кина“. Со нив владата во Пекинг нема дипломатски односи, или ги раскинува, доколку некој сака да ги прифати како две кинески држави.
Партијата Куоминтанг која е на власт во Тајван, последниве неколку години настојува да ги зацврсне врските меѓу Тајпеј и Пекинг, посебно во економскиот сектор и во трговијата и покрај идеолошките разлики, во обид да се намалат тензиите меѓу двете страни.
Тајванската влада и НР Кина беа подготвени да склучат и трговска спогодба, до што не дојде по силните протести во Тајпеј против поблиските врски со Пекинг. Студентите неколку недели го окупираа Парламентот на Тајван, а Куоминтанг доживеа тежок пораз на локалните избори, главно поради политиката на партијата за потесни врски со НР Кина.
Политичката криза предизвика и смена на врвот на партијата,но новиот лидер Ерик Чу останува на линијата за поблсики врски со владата во Пекинг, објаснувајќи го тоа со интересот на Тајван.
Чу замина во посета на Кина, каде е предвидено да се сретне и да разговара со кинескиот претседател Кси Џинпинг.Пред заминувањеро за Пекинг, Чи изјави дека неговата посета има за цел „унапредувањр на мирот“ во регионот.
Во Тајпеј се верува дека кинеско-тајванските разговори на врвот, ќе се однесуваат и на зачленувањето на Тајван во новата Инвестициона банка, за која се пријавија десетина земји од светот, меѓу кои и неколку од најсилните светски економии, за името под кое Тајванците ќе треба да се пријават, како и за трговската спогодба, за која се заинтересирани и двете страни.