Пазарџиите бараат инфраструктурно средување на пазарите

Од:

Комората на трговци на зелени пазари која ги застапува зелените пазари денеска побара инфраструктурно средување на просторот прво на Бит Пазар, а потоа и на Зелен пазар и пазарот Буњаковец, кои, како што посочија оттаму, треба да бидат објекти од затворен тип, оградени со монтажни елементи, со санитарни јазли и паркинг, а пазарџиите да имаат добри услови за работа и соодветно место за чување на производите.

– Градежната дозвола е готова и апелираме до инвеститорот Скопски пазар да почне да го гради објектот на Бит Пазар. Скопски пазар треба да почне со реализација на тоа што сме се договориле уште во 2010 година. Значи иницијативата и согласноста е постигната во 2010 година да се гради пазарот Бит Пазар, потоа Зелен пазар и да заврши со пазарот Буњаковец, изјави денеска претседателот на Комората на трговци која ги застапува зелените пазари, Екрем Долек.

Посочи дека очекуваат во најбрз можен рок без одложување да се почне со реализација на овој проект. Според него, нема ниту еден пазар кој ги исполнува минималните технички услови за функционирање.

Покренавме иницијатива од 2005 година, нагласи, за изградба почнувајќи од пазарот Бит Пазар, значи реновирање и прилагодување на пазарите согласно Хасап стандардите кои ги имплементирала Република Македонија во законска форма, но за жал од 2005 година до денеска немаме ништо.

– Луѓето работат во субстандардни услови, тоа е еднакво на геноцид. Одземено е секое право и човечко и хумано. Регистрирани пазарџии има 25.000, а бројот на дивите продавачи е 50.000 кои продаваат на улица. Дури и пред општинските згради има поставени импровизирани тезги, а од друга страна легалните пазарџии се под притисок на инспекциските служби, плаќаат персонален данок на државата, плаќаат закупнина на тезгите, во долгови се и дадени се на извршители, рече Долек.

Оваа ситуација, појасни, пазарџиите во иднина нема да ја толерираат и таа мора да се среди.

Потенцира дека од 2008 до денес има повеќе од 10 драфт верзии на законот за зелени пазари и досега ниту една од нив не е земена предвид, а најмалку да се преточи во законска форма.

– Бараме под итно да се донесе ова законско решение бидејќи пазарџиите работат без здравствено и пензиско осигурување…, кои државата треба да им ги обезбеди. Ако излеземе ние на улица значи излегуваме поради глад и недостиг на основни елементарни средства за нас и нашите деца, додаде Долек.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека на Бит Пазар за закупнина за тезга пазарџиите плаќаат до 4.500 денари, а на Зелен пазар 5.200 денари…

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Експлозија на бомба во Призрен, деветмина повредени

А1он

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Иницијатива на Бранко Црвенковски: Пристап до фондовите на ЕУ и излез на заедничкиот пазар додека траат преговорите со Брисел

Орце Костов

Пазарниот инспекторат со полиција и УЈП ќе проверува дали пазарџиите ги замрзнале цените

Орце Костов

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра