Парите од солидарниот данок одат кај сиромашните, но ќе се вратат ако законот падне на Уставен

Од:

Средствата од наплатата на солидарниот данок на екстра профид кој го плаќаат големите компании ќе бидат искористени за антикризни мерки за буџетот во 2024 година, но постои можност Владата да им ги врати парите доколку законот падне на Уставен суд.

Парите од овој данок веќе се планирани во проекциите за Буџетот за 2024 година и тие се наменети за антикризни мерки, но нема да биде изненадување ако Уставен суд го прогласи ова законско решение за неуставно со што големите компании ќе имаат можност да си ги вратат парите назад, а тоа би значело нови трошоци за Владата.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вели се испланирани средства ако се донесе таква одлука.

– Јас кажав дека до овој момент има законска обврска за плаќање на солидарниот данок кој ќе се користи за антикризни мерки. За следната година бидејќи правиме проекции за буџетот, ќе има средстба за антикризни мерки и ако евентуално еве прејудицираме, дека може таква одлука да има, мислам дека имаме доволно средства испланирани во буџетот. Но, првично намената е за антикризни мерки. Ако има таква одлука тогаш ќе треба да им се земат од граѓаните и да им се вратат на компаниите што мислам дека нема да се случи – рече Битиќи.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за авто осигурување

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Орце Костов

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Пендаровски: Уставниот суд уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи