Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Од:

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставност на три члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи. Одлуката следува по предметот кој беше оформен по иницијативите на политичката партија Левица, Хелсиншки комитет за човекови права, Сојуз на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, а во врска работните часови поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“.

Како што информираше на денешната прес-конференција, портпаролката на Уставен, Христина Беловска, не се прифатени наводите во иницијативите на подносителите, бидејќи, како што рече, Судот не најде неуставност во одредбите кои меѓу другото уредуваат и прекувремената работа за проекти од стратешко национално значење.

За потсетување, како што нагласи, со оспорениот член 117-а е предвидено дека по исклучок за работа на проекти од стратешко национално значење, а поради потребата од континуитет во работата, прекувремената работа може да трае подолго од осум часа неделно и 190 часа годишно, по претходна писмена согласност на работникот.

– Според Уставниот суд неосновани се наводите дека не е предвидена горна граница на прекувремената работа. Тоа е определена токму во ставот 2 на оспорениот член, односно дека работата над 40 часа неделно се смета и се плаќа како прекувремена работа, со задолжително почитување на одредбите за дневен и неделен одмор во согласност со членовите 133 и 134 од Законот за работните односи. Токму овие членови го регулираат правото на дневен одмор, односно правото на работникот да има дневен одмор од 12 часа непрекинато меѓу два последователни работни дена и правото на работникот на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато, рече таа.

Во однос на писмената согласност од страна на работникот. Членот 32 став 4 од Уставот предвидува дека секој има право на платен дневен неделен и годишен одмор и дека од тие права вработените не можат да се откажат.

– Токму формулацијата на оспорената законска одредба дека ниту еден работник не може да биде распореден да работи прекувремена работа без негова согласност според Судот упатува дека прекувремените работни часови се негов избор, а не обврска, дополни Беловска.

Писмената согласност, како што рече, претставува дополнителна заштита на работникот дека не може да му биде наложена прекувремена работа спротивно на неговата волја и над законскиот лимит.

– Во овој контекст Судот ја зема предвид и Европската социјална повелба на Советот на Европа од 1961 година која ги гарантира социјалните и економски човекови права, и којашто во Македонија се применува од 2005 година. Според таа повелба, признато е правото на правична заработувачка, но и правото на зголемена заработувачка на работниците за прекувремена работа, со исклучок на некои посебни случаи, образложи портпаролката.

Уставниот суд оценил дека оспорениот член 1 не е во спротивност со членот 32 од Уставот според кој правата на вработените се остваруваат со закон и колективен договор, односно Судот оценил дека во конкретниот случај не постои загрозување на правата од работен однос, затоа што тој член не однесува на правото на работникот на плата.

– Во однос на министерот за финансии кој во согласност со министерот за труд социјална политика го регулира начинот и местото на исплата на плата на работниците. Судот оцени дека е неспорно Бидејќи станува збор за административни олеснувања во функција на поедноставно и поконкретно разработување на оспорената одредба и овие овластувања се во согласност со неговите уставни и законски надлежности како орган на државната управа, рече Беловска.

Таа дополни дека во однос на наводите за евентуално нарушување безбедноста и здравјето при работа на работниците, Уставниот суд нема надлежност да се впушта во расправа за претпоставени прашања, земајќи го предвид фактот дека тие односи меѓу работникот и работодавачот се уредени со договори за работа, а должност на Државниот инспекторат за труд е да проверува дали тие права и обврски се почитуваат.

– Согласно член 117 став 6, работодавачот е должен за секое воведување на прекувремена работа претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор за труд што претставува посебна заштита на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење, рече таа.

Беловска потенцираше дека денешната изјава на Уставен не ги содржи сите аргументи на Судот, туку е кус пресек на неколку прашања кои беа отворени во јавноста, а кои меѓу другото беа дел од уставно-судската анализа.

– Веднаш штом ќе биде потпишано решението, Судот ќе го испрати до вас медиумите и преку своите онлајн канали ќе го дистрибуира до граѓаните за да добијат увид во целосната анализа и гледишта на Уставниот суд, рече таа.

Во предметот по кој се дискутираше на денешната 11 Седница на Уставен суд беа оспорени Член 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи. Според подносителот Левица, законската норма која предвидува дека прекувремената работа може да трае подолго од осум часа неделно и 190 часа годишно, по претходна дадена писмена согласност од страна на работникот, е уназадувачка, општествено-деградирачка и нехумана и е во спротивност со основните слободи и права на граѓаните.

Според подносителот Хелсиншки комитет, меѓу другото, оспорените одредби се во спротивност со Уставот, односно се наведува дека со нив се напушта нивото на заштита кои го нудат позитивните законски прописи и меѓународни конвенции и се прави обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе воспоставени правила, што создава опасност од нееднаков третман и дискриминација на одредена група работници со акт на министер.

Во третата иницијатива подносителите наведуваат дека оспорените одредби од Законот се во спротивност со член 109, 1110 и член 134 став 2 од самиот закон за работни односи, како и со член 36 став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството

Би можело да ве интересира

Жители на прилепското село Оревоец на протест поради најавените минирања од компанијата „Бехтел и Енка“

Захариески од ЗНАМ: На гостиварци им се одземаат имоти за автопатот по непристојни цени

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов