Пандемијата го прекина превозот на патници од Скопје со девет града во државава

Од:

Пандемијата со Ковид-19 го намали за 95 проценти меѓуопштинскиот превоз на патници. Во целосен прекин се меѓуградските линии од Скопје кон уште девет града и обратно.

Инспекторите од Државниот инпекторат за транспорт во периодот од 27 минатиот месец до 3 месецов направиле 118 надзори за почитување на мерките. Притоа е констатирано дека се во целосен прекин линиите Скопје – Охрид, Скопје – Битола, Скопје – Ресен, Скопје – Прилеп, Скопје – Пробиштип, Скопје – Кратово, Скопје – Крива Паланка, Скопје – Кочани, Скопје – Берово и обратно, информира на прес-конференција Магдалена Филиповска Грашкоска, претседател на Инспекцискиот совет.

Меѓународниот линиски превоз од почетокот на вонредната состојба е во целосен прекин.

Од направените контроли на повеќе автобуски станици во државата е утврдено дека се почитува владината одлука за 50 проценти намален капацитет, односно за преполовен број на патници.

Воедно е констатирано дека товарниот сообраќај се одвива без ограничување и се почитуваат препораките, а во еден случај од страна на Државниот инспекторат за транспорт е изречена мерка за превозник.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска