Падот на кипарската економија годинава ќе биде околу седум отсто

Од:

Кипарската економија оваа година ќе одбележи пад, што ќе биде понизок од прогнозата на меѓународните кредитори.

Тоа го изјави кипарскиот министер за финансии Харис Георгиадис пред инвеститори, банкари, академици и новинари на инвестициска средба во Лондон.

Георгиадис изрази уверување дека БДП на Кипар оваа година ќе се намали за два проценти и ќе биде околу седум отсто, а не девет отсто, како што покажува прогнозата на надворешните кредитори на земјата од ЕУ, ЕЦБ и ММФ.

– И покрај сите тешкотии, економските показатели на Кипар се значително подобри, отколку што беа очекувањата, рече министерот.

Тој истакна дека економијата на островот се наоѓа во „фаза на корекција“ по одлуката, донесена во март годинава од Еврогрупата за доставување финансиска помош на Кипар во износ од околу десет милијарди евра во замена за рестрикции.

 

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар