Пад на профитот на најголемиот светски производител на дијаманти

Од:

Нето профитот на руската компанија „Алроса“, најголемиот светски производител на дијаманти, во првите шест месеци од годината забележа пад за 36 отсто и изнесува 37,5 милијарди рубљи (560,56 милиони долари).

Нето профитот на компанија за вториот квартал на 2019 година е намален за 44 проценти во однос на претходниот квартал и за 47 отсто во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 13,4 милијарди рубљи (200,2 милиони долари).

Исто така приходите на „Алроса“ во второто тримесечје од годината изнесуваат 57,4 милијарди рубљи (858,47 милиони долари) што е за 19 отсто помалку од првиот квартал и 21 проценти помалку во споредба со истиот период од минатата година.

Од друга страна, проекцијата на производство е зголемено на 38,5 милиони карати во однос на претходната прогноза за околу 38 милиони карати.

„Алроса“ ги намали своите процени за вложување за 2019 година од 28 милијарди рубљи (418,6 милиони долари) на 23,4 милијарди рубљи (349,84 милиони долари).

Компанијата „Алроса“ е најголемиот производител на дијаманти (во карати) во светот, а акционери се Руската Федерација, застапена од Федералната агенција за управување со имот (33,02 отсто), Јакутија (25 проценти) и нејзините региони (осум проценти). Додека околу 34 проценти од акциите се во слободен промет.

Би можело да ве интересира

Русија бара седниците на Правиот комитет на ОН да се дислоцираат од Њујорк

Ана Ололовска

Инцидент со американски дипломати во Русија

Ана Ололовска

Специјалната европска полиција во Брисел открила руски центар за дезинформации

Ана Ололовска

Путин и Ердоган се среќаваат за пет дена во Сочи

Ана Ололовска

Руските и силите на Асад влегуваат во градот Кобане

Руските сили ја преминаа Еуфрат, одат кон север