Отворена границата со Косово

Од:

Границата со Косово  од ноќеска на полноќ е повторно отворена.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Ваљон Сарачини ноќеска го посетија преминот Блаце за да видат дали важи одлуката на Косово за прекин на ембаргото за што добија информации од македонските царински и полициски служби.

Пешевски потврди дека по прекинот на косовската забрана престанува да важи и македонската мерка  за надомест за влез во Република Македонија.  Мерките што беа воведени од македонската страна, според Пешевски, по автоматизам се укинуваат  по укинувањето од нивна страна на ембаргото.

– Со ова завршуваат немилите процеси кои што беа во изминатите неколку дена помеѓу овие две држави, кои што настанаа како резултат на ембаргото на увоз прво на одредена група македонски производи, а потоа и целосна забрана за македонски производи од страна на Република Косово. Ние воведовме мерки кои што по автоматизам се укинуваат во оној момент кога и косовската Влада ќе ги укине, изјави вицепремиерот Пешевски.

За нормализирањето на состојбата беа информирани и превозниците од „Макамтранс“, кои по косовското ембарго во понеделникот вечерта ги блокираа премините Јажинце и Блаце.  Со тоа стартуваше и влезот на камионите со производи од Македонија на Косово.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски