Отворен ден „Купи сончев колектор-аплицирај за субвенција“

Од:

Министерството за економија и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ денеска организираат Отворен ден под мотото „Купи сончев колектор-аплицирај за субвенција“.

Целта на овој промотивен настан е промоција на употребата на сончеви колектори во домаќинствата и искористување на сончевиот потенцијал на нашата земја, како обновлив извор на енергија, како и информирање и промовирање на поволностите од употребата на термалните сончеви колектори.

Предвидено е на настанот неколку македонски производители на сончеви колектори да ги претстават своите производи, со што на граѓаните ќе им се овозможи да добијат бесплатни совети за тоа како работат сончевите колектори, за заштедата на енергија што се постигнува со нив и како максимално да се искористи македонското сонце.

На настанот, што ќе се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска чаршија ќе присуствува министерот за економија Ваљон Сарачини

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов