Министерството за финансии ја откажа за денеска закажаната аукција на државни хартии од вредност. Ова е втора по ред аукција на државни хартии од вредност која се откажува во рок од еден месец.
Целта, како што информираат од Министерството за финансии, е да се излезе во пресрет на бизнис заедницата и да се подигне ликвидноста на стопанството, секогаш кога ќе има простор за тоа.
– Министерството за финансии и Владата на Република Македонија остануваат посветени на поддршка на стопанството во време на европска економска криза, велат оттаму.