Остар пад на вредноста на турската лира

Од:

Турската лира утринава имаше остар пад на вредноста, откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган минатиот викенд го отпушти шефот на Централната банка, критикувајќи го дека каматните стапки во земјата се високи.

Курсот на доларот во однос на лирата утринава скокна за околу 12 проценти, на 8,05 лири за долар, што е најголем дневен пад на турската валута од август 2018 година и тогашната финансиска криза.

-На властите им преостануваат два избори – или ќе кажат дека ќе ги користат каматните стапки за да го стабилизираат пазарот или ќе воведат контроли на капиталот. Верувам дека Ердоган ќе се определи за второто, изјави Пер Хамарлунд, стратег за пазарите во развој во СЕБ Рисрч.

Но, не се очекува ова нарушување на турскиот финансиски пазар да влијае врз другите земји во развој.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски