Основачот на Икеа: Не знам за што станува збор

Од:

Основачот на шведската компанија Икеа, Ингвар Кампрад нагласи дека го изненадиле плановите на групата за проширување на работењето кое го оцени за преамбициозно.

„Зборував со службеник кој ми кажа што напишал шведскиот бизнис весник, Dagens Industry, дека сме оствариле рекорден профит и рекордни приходи, како и дека планираме да отвараме 25 нови продавници годишно”.

Кампрад наведува дека е разговарано за отворање на 10 до 12 нови продавници на годишно ниво до 2020 година. и дека незнае кој објавил информации за поголемиот број на продавници.

Иако овој производител на мебел се уште не успеа да купи земјиште во Србија, Икеа вчера доби решение и дозвола за изградба на првиот објект во Хрватска.

Основачот на шведската компанија се повлече од раководните структури во 1986. но ја задржа својата позиција како виш советник на Надзорниот одбор Ingka Holding, матичната компанија на ИКЕА групацијата со седиште во Холандија.

Портпаролката на Икеа Јосефин Торел за Асошиетед прес изјави дека бордот на Ingka Holding ги подржува плановите за отворање на 25 нови продавници годишно и дека Кампрад “и тоа како учествува” во работењето на компанијата.

„Не знам што е причината за тоа недоразбирање. Можеби Олсон и Кампард зборуваат за различни временски периоди”, рече таа.

Инаку, овој 86-годишен Швеѓанец (Ингвар Кампард), основач на ИКЕА, “тежи” 35 милијарди швајцарски франци, а тоа му ја носи и титулата најбогат Европеец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата