Османи: Успехот во реализацијата на ИПА средствата значи успех во приближувањето кон европските стандарди

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, во улога на Национален ИПА координатор, имаше обраќање пред претставниците на ИПА структурата во Република Македонија на годишна ИПА работилница во Струга, каде се разгледуваше ИПА Мастер планот. Овој план ги опфаќа сите отворени прашања околу програмирањето, имплементирањето, мониторингот и оддржливоста на проектите, а за кои, Секретаријатот за европски прашања и Националниот ИПА Координатор Османи, редовно реферираат на Влада на РМ и службите на Европската комисија.

„Средствата кои ЕУ ни ги доделува за имплементација на реформите се искористуваат под строги правила и критериуми на ЕК. Затоа, високата искористеност на ИПА средствата не е секогаш лесно да се постигне. За да ја олесниме работата, подготвивме ИПА Мастер Плана кој ни користи како алатка за мапирање на ризиците и институциите кои треба да превземат мерки за надминување на истите“ – истакна Османи.

Меѓу другото, Вицепремиерот Османи изрази задоволство од посветеноста на претставниците на ИПА структурата и во нивните активности поврзани со апсорпцијата на средствата од ИПА посебно за затварањето на годината ТАИБ 2013 во декември 2017 со степен на искористенот 93,56%.

„Во 2017 година имаме остварено значаен напредок во искористувањето на странската помош, односно имавме најголем степен на контрактирани (на склучени договори) средства во споредба со претходните години за ИПА 2007 – 2013, и очекувам да продолжиме со истиот елан и посветеност да да ја зголемиме апсорбцијата а со тоа и спроведувањето на реформите во земјата и приближување на Р. Макеоднија кон земјите на ЕУ“ – изјави Османи пред присутните.

Тој ја поздрави вклученоста на ИПА структурата која активно работи во разрешување на отворените прашања наведени во ИПА Мастер Планот и во исполнувањето на потребните критериуми дадени во регулативата за ИПА II за искористување на средствата.

„Вие, преку вашите активности и посветеноста кон вашите обврски, досега имате реализирано проекти во висина од околу половина милијарда евра, средства со кои се унапредуваат стандардите на државата и условите за работа и живеење во нашето општество“, изјави Османи пред присутните, додавајќи дека преку реализацијата на овие средства Република Македонија се приближува до стандардите и правилата на Европската унија, посочувајќи ја со тоа важноста во квалитетот и ефикасноста при реализацијата на овие средства.

„Мислам дека имаме одлична администрација, одлични професионалци во ИПА структурата, и заедно со имплементацијата на Мастер план за реформи на ИПА ќе обезбедиме уште поквалитетна поефективна и видлива искористеностна средствата од ИПА и останатата странска помош“, констатираше Османи на крајот од своето обраќање.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

„Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“: Се шири нов линк за измама на граѓаните

Орце Костов

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он