Османи: Клучните инфраструктурни проекти финансирани од ИПА мора да ги завршиме оваа година

Од:

Денеска, во Клубот на пратениците се одржа третиот состанок на ИПА мониторинг комитет за ИПА I и II, со кој претседаваа Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога Национален ИПА координатор и раководителот на одделение во ДГ НЕАР, Дејвид Кулен.

Целта на овие состаноци е да се споделат информации за напредокот во спроведување на ИПА во двете финансиски перспективи и да се договорат заклучоци и препораки за подобрување на апсорпциски капацитети за искористување на сите средства алоцирани преку ИПА.

„Се наоѓаме во исклучително важен период, година во која имаме обврска да ги завршиме клучните инфраструктурни проекти и да ги пуштиме во функција“ истакна Османи додавајќи дека темпото останува високо и во следната година, кога се очекува да ги затвориме програмите од ИПА 2007-2013. Османи посочи кон потребата за засилена имплементација на проектите и програмите, кои се веќе испрограмирани преку ИПА 2014-2020 година и најави конечно сумирање на впечатоците и научените лекции од досегашните предизвици при спроведување на ИПА, како важен инпут во подготовката за новата ИПА после 2020 година.

На состанокот присуствуваа претставници од државните институции кои спроведуваат ИПА фондови, претставници на Делегацијата на ЕУ, Секретаријатот за европски прашања, Министерството за финансии, како и претставници на секторските работни групи, и на донаторите кои се активни во земјата.

ИПА мониторинг комитетот е воспоставен во 2016 година и се одржува на годишно ниво.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски