ОПЕК: Светската побарувачка за нафта догодина бавно ќе закрепнува

Од:

Закрепнувањето на глобалната побарувачка на нафта во 2021 година ќе биде побавно отколку што се сметаше порано поради растот на случаи на заразени со новиот коронавирус, што ги кочи напорите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК и нејзините сојузници) да го поддржат пазарот, соопшти денеска нафтениот картел.

Побарувачката ќе се зголеми за 6,25 милиони барели на ден за следната година, на 96,26 милиони барели дневно, според ноемврискиот извештај на ОПЕК. Новата прогноза за раст на побарувачката на ОПЕК е 300.000 барели дневно пониска од проценката пред еден месец.

Во извештајот на ОПЕК се забележува дека потезите на европските влади како затворање ресторани и поттикнување на работа дома ќе ја погодат побарувачката за гориво во преостанатиот период до крајот на 2020 година, со влијанието на пандемијата врз пазарот на нафта до средината на следната година.

Цената на нафтата зајакна оваа недела и денеска достигна ниво од 45 долари за барел, највисоко за повеќе од два месеци, откако производителите на лекови „Фајзер“ и „БиоНТек“ објавија дека ефикасноста на нивните вакцини за Ковид-19 е над 90 проценти според првите резултати од тестирањето.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски