Околу 20.000 вработени не добиле плата за ноември лани

Од:

Според податоцита на Управата за јавни приходи обработени на втори јануари 2024 година, за ноември минатата година прифатени и неплатени конечни пресметки има за 10 921 вработено лице, а неприфатени пресметки има за 9 680 лица. Тоа, истакна на прес-конференција директорката на УЈП Сања Лукаревска, значи дека околу 20 000 лица не добиле плата за тој месец.

– Според состојба за последни уплати на 29 декември 2023 година обработени на втори јануари 2024 година поднесени, прифатени и платени конечни пресметки има за 60.400 работодавачи што се однесуваат на 535 636 вработени лица, додека прифатени и неплатени пресметки има за 4.441 работодавач, односно 10 921 вработено лице, а неподнесени и неприфатени пресметки има за 5.534 работодавачи коишто се однесуваат на 9 680 вработени лица, истакна Лукаревска, на заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Царинската управа Стефан Богоев.

Би можело да ве интересира

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

Мицкоски: Дополнителните придонеси што би ги плаќала Владата, не се предвидени во Буџетот

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет