Охридскиот аеродром со рекордни 300 илјади патници, најавено проширување на терминалната зграда

Од:

Компанијата „ТАВ Македонија“ најави проширување на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Планирано е градежните активности да почнат што поскоро, а веќе за престојната летна туристичка сезона аеродромот да располага со двојно поголем капацитет односно можност да опслужува околу 600 илјади патници годишно.

Генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Алпер Ерсој на денешната прес-конференција истакна дека охридскиот аеродром оваа година првпат во историјата на постоењето достигнал бројка од 300 илјади патници, што споредено со 2009 година кога компанијата почна да стопанисува со капацитетот е зголемување на патничкиот сообраќај за 815 проценти.

– Постигнатите резултати се последица на експанзијата на мрежата авиолинии од аеродромот во Охрид, на што како аеродромски оператор постојано работиме, како со зголемен број летови така и со привлекување патници од регионот, рече Ерсој.

Моментно Охридскиот аеродром работи на 22 дестинации, од кои осум редовни и 14 сезонски, опслужувани од 13 авиокомпании.

Најавените градежни активности предвидуваат проширување на терминалната зграда на аеродромот кон објектот за прием на ВИП патници, отворање уште неколку линии за чекирање, дополнителни капии за проверка при полетување, уште еден карусел за багаж, редизајнирање на објектот со цел побрз проток на патници низ аеродромските процедури и подобрување на услугата и конфорот на патниците.

– Мошне сум задоволен што Охридскиот аеродром го достигнува ова ниво. Работеве напорно за да го промовираме на секој можен начин, директно или преку врстени маркетиншки зафати. Овој успех, овие бројки секако се резултат и на добрата соработка со сите субјекти, институции на локално и централно ниво, потенцира Ерсој.

Со 53,8 процентен пораст на патничкиот сообраќај во третиот квартал од оваа година охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ беше рангиран на листата најбрзорастечки аеродроми, во категоријата според големината, на листата аеродроми што не се во ЕУ. Двата аеродроми во земјата оваа година до ноември опслужија 2,5 милиони патници што е годишен раст од 14,1 проценти. Зголемен е и бројот реализирани летови на 20.215 што е десет проценти повеќе споредено со истиот период лани.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска