Одобрени урбанистичките проекти за патните делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани

Од:

На денешната владина седница донесени се одлуки за одобрување на урбанистичките проекти за патните делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, кои се дел од Коридорот 8.

– Владата го одобри Урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 8, делница на автопат: Тетово – Гостивар. Во оваа фаза, предмет на овој Урбанистички проект се 15.4 км од вкупната должина. Останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти. Вкупната должина на автопатската делница Тетово – Гостивар е околу 17.5 км, информираа попладнево од владината прес-служба.

Со урбанистичкиот проект за делницата на автопатот Гостивар – Букојчани опфатени се 8,43 километри од вкупната должина, а останатиот дел ќе биде разработен во следните фази на проектирање. Вкупната должина на автопатската делница Гостивар – Букојчани е околу 30,4 километри.

– Овие урбанистички проекти се изработени согласно Законот за урбанистичко планирање, Правилникот за урбанистичко планирање и останатата законска регулатива, којашто е релевантна за проектниот процес и реализација на проектот, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

(ВИДЕО) Мицкоски: Започнуваме еден од клучните инфраструктурни проекти-изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

Од денеска до 31 мај сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел