Одложено јавното наддавање за имотот на фирмата ДЕНА, за кое алармираше и австрискиот амбасадор

Од:

Во канцеларијата на кавадаречкиот извршител Ангел Костадиновски, денеска не се одржа закажаното јавно наддавање на имот лоциран во Богданци, случај за кој алармираше и австрискиот амбасадор Георг Вуцас. Како што беше кажано од извршителот, аукцијата беше одложена деведесет дена, со решение на Основен суд Гевгелија.

Аукцијата е одложена бидејќи австриската фирма побарала одлагање, а судот го усвоил тоа барање.

Од Австриска амбасада, на 27 јуни излегоа со известување до медиумите, упатувајќи прашање, „што ќе надвладее, владеење на правото и заштита на австриски инвестиции во Северна Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници”.

– На седми јуни, Основниот граѓански суд Скопје одобри времена мерка во корист на AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија, високо ценет индустриски снабдувач на зеленчук во регионот ЦИЕ/ЈИЕ, првенствено ангажиран во трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи. Со забраната се замрзнува недвижниот имот на ДЕНА ПРОДУКТ увоз извоз Велес (ДЕНА) во сопственост и управуван од Атанас Костов од Валандово до признавање и извршување на арбитражна одлука во износ од приближно 4,5 милиони евра дадени на трети јануари 2023 година во фер и транспарентен процес од реномиран меѓународен арбитер во корист на АММА. Не е изненадувачки, ова е привремено и мерката е обжалена, информираа тогаш од Амбасадата.

Од Амбасадата тогаш рекоа дека „патот на извршување на меѓународна арбитражна одлука во Северна Македонија излегува дека претставува предизвик и ги загрозува инвестициите преземени од австрискиот инвеститор“.

– Во случајов времето е значителен фактор, со оглед на тоа што ДЕНА уште од почетокот, со поддршка на сродни компании, извршители и нотари, презема разни активности за да ги избегне и спречи легитимните побарувања, меѓу другото, најголемиот дел од својот имот го префрли на ГЛОБАЛ трејд ДММ ДООЕЛ Валандово, (ГЛОБАЛ), поврзана компанија која е во сопственост на Емилија Заева Костова, сопруга на Атанас Костов и роднина на поранешниот премиер Зоран Заев, помогнала во спроведување на две извршни решенија против сопствените стакленици и имот во Валандово, при што има јасни докази дека официјалниот јавен катастар е изманипулиран како поддршка на овие акции и поттикнаа јавно наддавање на сопствена стаклена градина во Богданци на 10 јули 2023 година, иако е во тек граѓанска постапка и кривична истрага. Со последното закажување на јавно наддавање на 10 јули 2023 година во корист на ДЕНА поврзаната компанија, АММА речиси сигурно нема да ја врати отштетата во износ од 4,5 милиони евра, се вели во известувањето на Амбасадата од 27 јуни.

Оттаму, тогаш јавно прашаа, зошто австриски инвеститор мора да ангажира три адвокатски канцеларии и да поднесе над десетина правни предлози за признавање на арбитражна одлука во Северна Македонија? Како е можно дека на централен катастар, официјален јавен регистар, може да се манипулира? Како може да продолжуваат извршни постапки со граѓански тужби кои се во тек против него и кривични истраги во тек? Зошто надлежните институции во државата, најважно, се Советот на јавни обвинители, Државниот јавен обвинител, Вишото јавно обвинителство – Скопје, се целосно неактивни и воопшто не го истражуваат случајот?

– Дали ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробија судството и службениците (извршителите и нотари)? Како последица на тоа, амбасадорот Георг Вуцас побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во неодамнешно писмо да ги отстрани сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите во овие случаи под итно. Секој притисок и влијание се некомпатибилни со независноста на судството и мора да се пријави за понатамошно постапување. Покрај тоа, Амбасадорот Георг Вуцас ги повикува надлежните комори на извршители и нотарите да ги укинат лиценците на правните службеници кои ги злоупотребиле или се за злоупотреба на нивните овластувања, се вели во известувањето од Амбасадата на 27 јуни, до медиумите.

Австриската амбасада, во соопштението посочи дека, будно ќе ги следи понатамошните случувања во оваа работа, вклучително и сите нерешени правни барања до судовите и до јавното обвинителство.

– Ние ги изразуваме нашите големи надежи и очекувања дека правосудниот систем во Северна Македонија ќе дејствува самостојно и правично и ќе дозволи владеењето на правото да преовладува во разумна временска рамка, беше напишано во известувањето до медиумите од страна на Амбасадата. Оттаму беа повикани сите одговорни медиуми во Северна Македонија да бидат сведоци на денешната јавна аукција во просториите на извршител во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Горан Наумовски

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Група млади кавадарчани физички нападнале семејство во Марена

А1он