Група млади кавадарчани физички нападнале семејство во Марена

Од:

На 20.01.2024 во 00.05 часот во село Марена, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.А.(19) од истото село, постапувајќи по претходна пријава од Р.А.(38) од село Марена дека во неговата куќа во селото, А.А. со неговите браќа А.А. и еден малолетник, ја скршиле влезната врата и со метални и дрвени предмети ги нападнале неговата мајка Н.А.(64) и неговите браќа Г.А.(19) и Р.А.(21), а оштетиле и дел од покуќнината, информира МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, А.А бил задржан во полициска станица, малолетникот бил повикан со родител во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Увид на местото извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец