Одложен стартот на есенската сеидба во Пелагонија

Од:

Стартот на есенската сеидба во Пелагонија е одложен за 15 дена, а причините се врзани со долгиот сушен период, кој ја зафати Пелагонија.

Од државната Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола информираат дека климатските промени придонеле за пролонгирање на почетокот на есенската сеидба со житни култури.

-Во пелагонискиот регион, како најголема житница во Република Македонија, традиционално, есенската сеидба на житните култури се одвива во текот на месец октомври. Меѓутоа, временските услови, немање на врнежи од дожд и натпросечно високи температури за овој период од годината, ја оневозможија обработката на почвата и есенската сеидба во оптималните рокови. Врнежите од дожд кои беа забележани на почетокот на минатата недела, од околу 10 литри на квадратен метар, беа недоволни за да овозможат соодветна обработка на почвата. Заради сушата земјата тешко се обработува и ги зголемува производните трошоци, истакна Зоран Бардакоски, раководител на одделение во АПРЗ-Битола.

Според експертите во АПРЗ, сушата може да ја зголеми и сеидбената норма за 10 отсто, со цел да се надоместат евентуалните загуби.

-Имајќи ги предвид прогнозите на УХМР, односно отсуството на врнежи и во наредниот период, станува извесно пролонгирањето на есенската сеидба за повеќе од 15 дена, посочи Бардакоски.

Би можело да ве интересира

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади