Одликувани новите предводници на целите за одржлив развој

Од:

Вчера, 23.06.2021 година, во Скопје здружението Конект ги одликуваше новите предводници на Целите за одржлив развој (Sustainable Development Goals – SDGs) на компании, поединци и млади бизнис лидери од компании. На церемонијата за доделување на наградите почесно се обратија заменик на
претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, г-дин Фатмир Битиќи, постојанатата координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Н.Е. Росана Дуџак и извршната директорка на Конект, г-а Никица Кусиникова.

Преку Целите за одржлив развој бизнисите го усмеруваат влијанието што го имаат да создаваат подобро општество. Добитниците на наградите и признанијата се свесни дека одржливоста е клучен сегмент од бизнис развојот и инспиративни примери на бизниси и поединци кои во секојдневното работење докажуваат дека бизнисот може да биде двигател на одржливиот развој.

Овој пат „Макпетрол“ АД Скопје е добитник на признание за придонес кон остварувањето на целите за одржлив развој. Признанието е доделено поради особениот придонес на Компанијата кон зачувување на животната средина изразено преку сопствено и одговорно производство и продажба на биодизел, современи бензински и дизел горива според европски стандарди, течен нафтен гас и метан како најеколошко гориво достапно на македонскиот пазар. Сите горива се достапни на современите бензински станици на „Макпетрол“ изградени во согласност со европските и светските стандарди во нафтената
индустрија исполнувајќи ги притоа сите безбедносно – технички нормативи. Ова признание е уште една потврда дека „Макпетрол“ е предводник во нафтената дејност во државата, Компанија која секогаш се води од најголема заложба – бескомпромисен и врвен квалитет.

Целите за одржлив развој се прифатени од сите земји членки на ОН и потребно е да се исполнат до 2030 год. Тие се акцискиот план на светот за фер глобализација и подобра иднина за сите. Заедно, преку храбри чекори и соработка помеѓу сите сектори на општеството, можеме да ставиме крај на екстремната сиромаштија, да се бориме против нееднаквоста и да се справиме со климатските промени.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана