Од „Произведено во Кина“ до „Создадено во Кина“, кинеската железничка индустрија цвета во странство

Од:

Ксинхуа – Пекинг

Во изминатите две децении, луѓето кои живат надвор од Кина можеби откриле дека нивниот секојдневен живот станал полесен благодарение на евтините и квалиетни производи со етикета „Произведено во Кина“
Таквото чувство ќе се зацврсти кога железничките проекти „Создадено во Кина“ ќе бидат вклучени во јавните превози во многу земји како покомфорно доживување.

Големи кинески железнички проекти во странство

Во 2014, првиот супербрз железнички проект изграден од кинески компании надвор од земјите на Асеан, беше завршен во Турција. На желенички кридор долг 533 километри и со максимална брзина од 250 километри на час, главниот град на Турција, Анкара беше поврзан со најнаселениот град во државата, Истанбул.

Истата година, железнички проект долг 1,344 километри кој мниува низ африканската држава Ангола, исто така беше завршен ставен во функција. Линијата која беше изградена од Кинеската желеничка корпорација за градба (ЦРЦЦ) создаде најголема брзина за патување во земјата и тоа таму ќе биде значаен економски коридор.

Кина во мај потпиша договор да изгради железничка врска вредна 3,8 милијарди долари помеѓу Момбаса и Најроби во Кенија, како прва фаза од линијата која би требало да ја поврзе земјата со Уганда, Руанда, Бурунди и со Јужен Судан.

Со овој договор, Ексим банката на Кина ќе обезбеди 90 проценти од трошоците за да се замени со децении старата железница од британска колонијална ера со 609,3 километри стандардна врска, а Кенија ќе го финансира остатокот од 10 проценти.

Нигерија и Етиопија исто така имаат стабилен прогрес во желензичките проекти кои ги изведуваат кинески компании. Кога ќе бидат завршени, овие железници ќе бидат оската на локалниот јавен транспортен систем и клучна компонента за развој.

Освен нејзината водечка улога во изградба на железнички проекти во разни земји, кинеската железничка индустрија исто има големо уважување на пазарот на возови.

Возовите направеи во Кина веќе скоро три месеци возат по патничата рута Митре во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.

– Многу сме горди што патниците поторно чувствуваат почитување кога патуваат во Аргентина, рече аргентинскиот претседател Кристина Фернандез, кога првите 12 од 30 електрични возови кои ги обезбеди водечкиот кинески производител на возови ЦСР за ова рута беа официјално пуштени во употреба во ноември.

Во Буенос Аирес ќе возат 709 возови направеи во Кина, кои ќе превезуваат милиони луѓе во градот и блиските места, кога проектот ќе биде завршен.

Возвите направени во Кина исто наскоро ќе возат и во европската држава Македонија, по потпишаниот договор со Кина во јуни за набавка на шест флотили на супербрзи возови.

Дипломатија на супербрзата железница

Промоцијата на кинеската железничка индустрија во последно време стана доолнителна задача за кинескката дипломатија, како што покажуваат вонредните напори на премиерот Ли Кекјанд за време на многуте патувања во странство за да се истакнат супербрзите железнички технологии.

За време на неговата посета на Тајланд во октомври 2013, говорот на Ли во парламентот беше со голем интерес проследен од медиумските изданија низ целиот свет, а повеќето од нив се фокусираа на неговите „тендери за продажба“ на кинеската супербрза железничка индустрија која бара зделки во земјите во странство.

Еден месец подоцна, кога се обрати на трговски форум помеѓу Кина и земјите од централна и источна Европа во Букурешт, кинескиот лидер исто ја истакна предноста од кинеската железничка опрема и технологии.

Во мај 2014, Ли во говор во седиштето на Африканската унија во Етиопија, рече дека Кина активно ќе партиципира во инфраструктурни проекти на континентот и дека таму ќе изгради истражувачки центар за брза железница.

Во јуни 2014, кога беше во посета на Велика Британија, кинесиот премиер рече дека двете земји треба да промовираат соработка во области како што се нуклеарната енергија и проекти со брзата железница.

Вин-вин соработка

Набљудувачите велат дека брзата железница веќе стана значаен дел од кинеската дипломатија, која остава длабока трага слично како и пинг-понг дпломатија и панда дипломатија во изминатите децении.

Изградбата на железнички линии во странство и извозот на железничка опрема и технологии е вин-вин ситуација и за Кина и за странските партнери, затоа што таквата соработка ќе ја истакне заложбата на Кина да ја надгради својата економија, а во меѓувреме да и им овозможи на земјите партнери да ги уживаат сите бенефити од овие проекти со пониски трошоци.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина