Од 1-ви август во Крива Паланка, водата поскапа за 100%

Од:

Разрешениот, повеќе неподобен за ВМРО-ДПМНЕ директор на ЈП Комуналец во Крива Паланка, Цане Николовски – Чешки иако повеќе од три месеци , наводно е разрешен од функцијата во т.н. „нов бран “ и понатаму ја извршува функцијата, укажуваат од СДСМ-Крива Паланка.

На претпоследната седница на Советот го бранел извештајот за работата а на последната вчерашна седница заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ како дополнителна точка “го протуркаа “предлогот за цели, 100% поскапување на цената на водата за пиење, велат од СДСМ.

Цената на водата за пиење која изнесуваше 17 денари на м3 сега ќе биде 34 денари за сите оние кои трошат поголемо количество вода за пиење.

„Одлуката се правда со грижата за жителите од повисоките зони, но истовремено, ЈП Комуналец не инвестираше нити денар за решавање на долг рок на проблемот со водата за пиење за жителите од повисоките зони, велат кривопаланечките социјал демократи.

Од СДСМ велат дека не гласале за оваа одлука од повеќе причини, поради тоа што ЈП Комуналец е во многу лоша финанасиска состојба и очигледно поради тоа никој не сака да се нафати да биде директор а дека ЈП досега инвестирало само во модернизација на своите деловни простории и кабинетот на директорот а не во суштинските делови како што се изградба на водоводи и сл.

Од СДСМ потсетуваат дека во нивно време се решило водоснабдувањето на висока зона десен брег што претставува огромна инвестиција и бенефит за градот, заменети се водоводно-азбестните цевки по централната улица Маршал Тито и Херој Карпош и се изградени многу водоводи за што се потрошени над 1.000.000 евра , додека ВМРО ДПМНЕ за овие 6 години не инвестираше ниту денар во водоводната инфраструктура туку парите на Комуналец се трошат на дневници, патувања, телефони и репрезентации, велат од СДСМ.

Од финансиски многу стабилно претпријатие како што велат „со сите нишани“ за повеќе од три години направија пустош од Комуналец, укажува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово