Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

Од:

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Царинскиот закон за тарифите што е веќе во владина процедура и кој ќе опфати над 70 тарифни броеви, беше една од темите на денешната средба на Димитриеска Кочоска со претседателот на Комората Бранко Азески.

-На средбата денеска најмногу се задржавме на царинскиот закон за тарифите што веќе влезе во владина процедура и според кој, на над 70 тарифни броеви ќе им се намалат царинските тарифи за 50 отсто, но помеѓу она што значи стапка во ЕУ и повисоката стапка кај нас. Значи, двапати ќе ги намалуваме тарифите додека не ги усогласиме со ЕУ. Првото намалување за 50 отсто ќе почне од 1 јули 2025 година и мислам дека ќе значи и поддршка за компаниите да произведуваат и извезуваат повеќе, да им овозможиме фер услови во однос на европските, потенцира министерката.

Би можело да ве интересира

САД ја заоструваат трговската војна со Канада: Трамп забрани увоз на пиво, алкохол, мотоцикли и млечни производи

A1on

Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3% потврдува дека економијата е на вистинскиот пат

Вашингтон ги заострува мерките кон Кина, Пекинг најавува контрамерки

Трамп воведе нов бран царини: Погодени се повеќе од 60 земји

Трамп најави драстично зголемување на царините

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата

А1он