Обезбедени 10 милиони евра за патот Крива Паланка – Деве Баир

Од:

Обезбедени се 10 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија), соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).

Дополнителни 2,6 милиони евра ќе бидат обезбедени како грант преку инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“ на Европската унија со што ќе се затвори финансиската конструкција за рехабилитација и проширување на 13 километри од Коридорот VIII.

Спорд МФ до крајот на годината треба да биде објавен меѓународниот тендер за избор на компанија што ќе го реконструира патот.

Министерството за финансии изготви предлог закон за гаранција на заемот од ЕБОР, кој е влезен во собраниска процедура. По усвојување на законот од Собранието, ќе се склучи договор за заем помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и ЕБОР.

– Заемот е под исклучително поволни услови. Каматната стапка е шестмесечен ЕУРИБОР плус еден отсто, додека рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, информира МФ.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска