Независна угостителска комора (НУК) достави официјално барање до Комисијата за заразни болести за учество на угостителите во понеделничкиот работен состанок по повод најавата за целосен lockdown или нови рестриктивни мерки наменети за работењето на угостителските објекти.
„Со цел да ги избегнеме погрешните изјави за медиумите на членовите на Комисијата за заразни болести дека новите донесените одлуки за препораки на рестриктивни мерки за работа на угостителските објекти се донесени повторно во координација со угостителите и коморите доставивме барање за учество во понеделничкиот состанок на кој комисијата ќе ја разгледува потребата од нови рестриктивни мерки за начините на работењето на угостителската индустрија.
По повод вчерашните информации од каде медиумите посочуваат дека дел од членовите на оваа Комисијата за заразни болести се залагаат за целосен LOCKDOWN на сите угостителски објекти за периодот од 31 декември до 8 јануари како Независна угостителска комора утринава доставивме барање за учество во понеделничкиот работен состанок на претставници на нашата комора и претставници на останатите комори за туризам и угостителство на кои се планира да се донесат овие препораки за нови рестриктивни мерки за угостителите и угостителската индустрија“, соопштува Независната угостителска комора.
„Со нашето учество бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сака да ги усвои најавени рестриктивни мерки и истовремено да ни дозволи и овозможи пред истите да ги достави до Владата и да ги објави да ни овозможи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија туку и за сите граѓани на нашата држава.
Со нашето отворено барање побаравме наместо по којзнае кој пат повторно да се троши бесполезно време во парцијални и моментални ад хок одлуки за препораки за мерки со кои само ќе се усложни постојната состојба во угостителството без никаков здравствен ефект, Комисијата да ги засучи ракавите и да помогнат на угостителите и угостителската индустрија со тоа што времето да го потрошат во изработка на стратешка програма и стратегија со предлог мерки, решенија и т.н. протоколи наменети за целокупната угостителска индустрија за начините на работењето во наредната 2021 година“, се вели во соопштението на Независната угостителска комора.