Ново трговско партнерство меѓу САД и Јапонија

Од:

САД и Јапонија денеска објавија ново трговско партнерство за зајакнување на соработката во областа на трудот, животната средина и дигиталната трговија.

Трговската претставничка на САД, Кетрин Таи, која е во Токио на средба со новите министри на јапонската влада, изјави дека првичните состаноци на американско-јапонското трговско партнерство ќе се одржат на почетокот на 2022 година.

„Ова партнерство ќе ја продлабочи соработката меѓу САД и Јапонија дефинирана со нашите силни билатерални трговски односи“, нагласува Таи во изјавата објавена од нејзината канцеларија во Вашингтон.

„Нашата тесна соработка ќе ја поддржи економската рамка на администрацијата на Бајден-Харис за индо-пацифичкиот регион и ќе помогне да се создадат одржливи, еластични, инклузивни и конкурентни трговски политики кои ги зајакнуваат нашите луѓе и економии“.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност