Ново годишно усогласување, пензииите повисоки за 1,8 отсто

Од:

Септемвриските пензии што пензионерите ќе ги добијат во октомври ќе бидат повисоки за 1,8 отсто согласно усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8 отсто кое се прави согласно порастот на платите и трошоците на живот, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Во износот на оваа исплата, ретроактивно ќе биде вклучено и новото усогласување на пензиите од 1,8 отсто за месеците јули и август.

– Тоа значи дека износот на средствата што пензионерите ќе гo добијат во октомври како септемвриска пензија ќе биде повисок во споредба со износите на исплатените пензии за месеците јули и август. Со октомвриската пензија, пензионерите редовно ќе си добиваат усогласен износ на пензија со вклучени 1,8 отсто, но без дополнителни разлики од претходниот период, велат од МТСП.

Просечната пензија за месец септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1,8 отсто изнесува 14.500 денари, а во септември 2016 година изнесувала 13.106 денари.

Ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69 отсто.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи