Ново барање на газдите: Да ни се намалат придонесите за плати за да не мора да увезуваме работници од Непал и Турција

Од:

Стопанската комора на Северозападна Македонија побара нови мерки од Владата во насока на ублажување на одливот на работна сила во регионот.

– Приоритет треба да биде либерализација на трудот со некои земји од регионот, бараме либерализација и со Косово. Да се зголемат квотите, имаме недостиг на работна сила во хотелиерството, туризмот и градежништвото. Од ден на ден нашата земја останува без работна сила иако во последните три години дипломирале 15.000 студенти.

Минималната плата ја имаме поддржано и настојуваме средната плата да се покачи. Бараме да се намалат придонесите од Владата за да може да се зголемат и средните плати за да ублажиме колку толку работна сила да не заминуват во страство. Придонесите се прогресивни и затоа бараме да бидат намалени за да може да ги покачиме платите – рече потпретседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.
Тој рече дека лани во Струга и во Охрид биле затворени ресторани поради недостиг на работници.

– Пријавите во Агенцијата за вработување да се вклучат во работната сила. Во градежништвото веќе почнаа да доаѓаат од Непал и од Турција. Ќе сме принудени да увезуваме такви кадри. Најголем проблем е работната сила и тоа ќе биде уште поголем проблем во следните години. Членките во Комората се жалат дека никој не се јавува на оглас. Во мојата компанија ни фалат многу работници и имаме нон-стоп отворени огласи.

Комората бара да се престане со замрзнување на цените и да се интервенира со активирање на државни резерви, со намалување на даноците и со намалување на ддв-то.

Би можело да ве интересира

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата