СДСМ: Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари

Од:

Наместо вистинско и реално зголемување на платите, владата ги извиси работниците. Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари наместо зголемување на минималната плата на 500 евра како што бараат и заслужуваат. Додека граѓаните се борат со сметки и мизерни плати, тие продолжуваат да штитат интереси на богатите, оставајќи ги работниците на работ на егзистенција. Власта не го почитува ниту општиот Колективен договор и не ги зголемува платите во јавниот сектор за предвидените 12,5%. Најавата за зголемување од само пет отсто на платите за вработените во здравството е историски најмало во споредба со досегашниот раст на платите, велат од СДСМ.

– Вкупните примања на лекарите специјалисти од 2017 до 2024 година, заедно со дежурства се зголемени меѓу 100-160%, по корекцијата на коефициентите од страна на СДСМ. Основната плата на лекарите специјалисти СДСМ ја зголеми за 40 проценти, на медицинските сестри ја зголемивме помеѓу 20 и 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти.

Се потпиша и Спогодбата со здравствениот синдикат за ново зголемување на платите на здравствените работници кое требаше да биде над 20% и тоа сега веднаш а не ДПМНЕ да прави лоша математика. Истот така, платите на наставниците требаше да бидат зголемени за 12,15% ама во септември 2024 година. И тоа не се случи. Реалноста е понижувачка – зголемувањето од едвај 5% ги остави наставниците без заслуженото за нивниот труд. Со ова наставниците и просветните работниците се оштетени. Дополнително, најавените зголемувања од 7% се далеку од тоа што им следува и што треба да го добијат просветните работници.

Ваква измама и понижување на граѓаните, кои чесно работат и со право бараат поголеми плати, никој никогаш не направил. Оваа влада е влада против граѓаните и работниците, против сите кои бараат подобар живот. Пари има за папаја, манго, аспарагус и приватни летови, но нема за оние кои едвај врзуваат крај со крај, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Бројот на работниците во индустријата намален за 2,9 проценти во септември

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?