Новите авиони Боинг 737 Макс, добија сертификат

Од:

Авионите Боинг 737 Макс, произведени по март 2019 година, добија сертификат за летање од американската Федерална агенција за контрола на летање (ФАА).

Агенцијата на 18 ноември ја укина забраната за летови воведена за тие авиони лани, по двете трагични несреќи во период од пет месеци во кои загинаа 346 лица. Потоа властите побараа од Боинг да направи низа софтверски промени и да организира нова обука за пилотите пред да добие нова лиценца за управување со ваков вид авиони.

Од 2019 година, Боинг произведе околу 450 авиони 737 Макс, кои се приземјени и чекаат дозвола на ФАА за повторно летање.

Би можело да ве интересира

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва