Новиот план за спас на Кипар предвидува 15-процентен данок за банкарските заштеди

Од:

Новиот „план Б“ за спас на Кипар, што кипарските власти го разгледуваат со кредиторите од еврозоната, предвидува воведување данок на заштедите во кипарските банка поголеми од 100.000 евра во висина од 15 проценти, соопшти вечерва извор во Владата во Никозија.

Кипарскиот Парламент пред неколку дена го отфрли владиниот предлог за даночна стапка од 9,9 отсто на сите банкарски депозити повисоки од 100.000 евра, но откако пропаднаа сите други обиди за обезбедување на неопходните средства за спас на кипарската економија, Владата во Никозија повторно се реши за идејата за оданочување на заштедите во кипарските банки.

– Во тек се најсудбносните преговори во нашата исторја. Секој ќе треба да плати одредена цена, но тоа ќе ни овозможи нов почеток, нагласи владиниот извор кој побарал анонимност.

Попладнево, потпретседателот на владејачката партија Демократски собир (ДИСИ), Авероф Неофиту соопшти дека е можно во следните неколку часа да биде постигнато решение за кипарската криза.

– Постои одреден оптимизам дека во следните неколку часа може да се постигне договор за платформа, така што Парламентот ќе ги прифати овие специфични мерки кои ќе бидат согласно рамката и целите, договорени на последната седница на Еврогрупата, истакна Неофиту.

Новите оптимистички најави од Никозија доаѓаат откако денеска еврогрупата го отфрли стабилизацискиот план, што синоќа го предложен Владата на Кипар. Европските лидери изразија најголемо негодување во однос на предлогот за национализација на приватните пензиски фондови.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар