Во официјална посета на Република Северна Македонија денеска и утре престојува новиот извршен директор во Светска банка, Кун Дејвидсе. Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде негов домаќин, а планирани се повеќе средби на високо ниво.
Министерството за финансии соопштува дека во рамки на својата посета Дејвидсе ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министри од Владата. Теми на средбите ќе бидат соработката помеѓу Република Северна Македонија и Светска банка, особено за новата Стратегија за соработка 2019-2023 година (Country Partnership Framework 2019-2023).
Кун Дејвидсе од ноември 2018 доаѓа на функцијата, која претходно ја извршуваше Френк Хемскирк.