Нови економски санкции на САД против Иран

Од:

Белата куќа соопшти дека САД воведуваат нови санкции против Иран како дел од напорите за зајакнување на притисокот врз Техеран поради неговата нуклеарна програма.

Американскиот претседател Барак Обама потпиша уредба, со која има за цел да се изврши притисок врз иранската економија. Со новите санкции се забранува купување, поседување или продажба на иранската валута. Санкциите се насочени и против иранскиот автомобилски сектор, кој според Белата куќа е главен извор на приходи за Техеран.

Се забранува продажба на стоки и услуги, кои се поврзани со производство на лесни автомобили и камиони во Иран.

Уредбата на Обама вклучува и санкции против секој, кој им обезбедува материјална поддршка на Иранци, кои се на црната листа на САД. САД и западните сили воведоа серија економски санкции против Иран со цел да го зголемат притисокот врз земјата за да се откаже од својата нуклеарна програма, за која Техеран тврди дека има мирнодопски цели.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси