Нова алатка за отворање на податоците за јавни набавки

Од:

Бирото за јавни набавки, во состав на Министерството за финансии, во насока на отворање на податоците ја направи јавно достапна платформата Отворени Податоци на веб страницата е-Набавки, за што денеска беше одржана и презентација за медиумите.

Вработени од Бирото за јавни набавки ја презентираа новата алатка „Отворени Податоци“, која овозможува сите заинтересирани страни да можат да прават персонализирани анализи и истражувања за системот за јавни набавки или за конкретни институции и носители на самата набавка.

Целта, како што рече и портпаролката на Министерството за финансии, Јована Аврамовска, е да се овозможи изработка на персонализирани анализи и да се дадат одговори на многу прашања поврзани со јавните набавки.

– Ваков вид на комбинација на податоците со кои располага системот досега не бил достапен. Насоката за поголема транспарентност во јавните набавки е јасна. Со одлука на Владата на РМ веќе се објавува целосна докуметација од договорите за јавни набавки. Од тогаш до сега објавени се над 1.700 договори за јавни набавки од страна на институциите.

Целта е да се создаде транспарентен и квалитетен систем на јавни набавки и граѓаните да го добиваат најдоброто, за најдобра цена од своите средства. Исто така насоката е тие да имаат пристап до сите податоци поврзани со јавните набавки, затоа што имаат право на истото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација