Нов мост на Пчиња на патот Ржаничини-Долно Коњаре до крајот на јули, инвестиција од милион евра

Од:

До крајот на следниот месец треба да биде пуштен во употреба новиот мост што се гради на река Пчиња на патната делница Ражаничино – Долно Коњаре, проект на Јавното претпријатие за државни патишта, во вредност од милион евра. Мостот е долг 133 метри, а широк осум метри.

– Привршуваат градежните работи на мостот и очекуваме во најбрз временски период да биде готов и граѓаните да видат бенефит, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид на градежните работи на терен.

Директорт на ЈП за државни патишта Зоран Китанов прецизираше дека работите за ставање во функција на мостот ќе завршат до крајот на јули.

– Градежно оперативно мостот е готов, денеска се ставаат заштитните огради на пешачкиот дел покрај мостот, екипите на ЕВН ги отстрануваат последните бандери, се средуваат пристапните патишта во должина од 100-ина метри од двете страни на патот. Кога ќе почне да се асфалтира тој дел, ќе се асфалтира и мостот што значи дека тој ќе биде целосно во употреба до крајот на јули, изјави Китанов.

Откако ќе биде пуштен во употреба поради дотраеноста ќе се урне стартиот мост и ќе се уредува речното корито. Стариот мост изграден пред 50 -ина години е премногу оштетен и не може да се користи ниту како пешачки.

Според Сугарески, мостот е една од реализациите на крупните капитални проекти што се случуваат во државава, заедно рекоснтрукцијата и изградбата на повеќе од 400 километри патиштата, коишто, потенцираше, без оглед на здравстевната криза продолжуваат да се градат со интензивна динамика.

-Истото се случува и со проектите за изградба на водоводи и канализации, социјални станови гасификацијата има одлична динамика, рече Сугарески.

Најави дека ќе продолжат со почнатите проекти од кои согласно роковите од договорите некои ќе бидат завршени летово, а некои и до крај на градежната сезона.

-Очекуваме во наредниот период да се појават крајни и времени сутуации кои ќе бидат во целост исплатени со цел да ја зголемиме реалзиацијата на капиталните проекти. Имаме силна градежна офанзива и во делот на Јавното претпријатие за државни патишта и во делот на ЈП Македнија пат. Очекуваме дека проектите ќе бидат реалзирани до крај не само заради исполнување на програма на Владата, туку и за бенефит на граѓаните, рече Сугарески.

За неколку дена ќе се знае како ќе заврши вториот квартал од аспект на реалзиација на капиталните инвестици на Министерството, кои во април забележаа 14 проценти реализација.

– Пандемијата влијае, но битна е посветеноста колку што можеме да извлечеме максимум. Пандемијата влијае во сите процеси. Некаде имавме застанување на дел од фирмите коишто работат заради корона вирусот што го имаат дел работници, но таа динамика продолжи поинтензивно од втората половина на мај и очекувам да се остварат сите превдидени програми од почетокот на годината, рече Сугарески.

Како што најави Китанов, на крајот на јуни се планира пакет за обнови на 10 патишта низ целата држава, амеѓу нив е и тендерот за обнова на постојниот пат Скопје-Блаце, додека работите на автопатската делница на тој потег ќе се интензивираат. ПОтпишани се 80 проценти од спогодбите за експропријација.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска