Нов директен лет од Скопје за Стокхолм

Од:

Виз Ер од денеска воспостави нова нова редовна авиолинија Скопје – Стокхолм. Станува збор за директен лет од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје до аеродромот „Скавства“ во Стокхолм, Кралството Шведска, кој ќе сообраќа два пати неделно, секој понеделник и петок.

Воспоставувањето на авиолинијата, информираат од Министерството за транспорт и врски, е во рамките на проектот за доделување финансиска поддршка  за поттикнување и развој  на  воздушниот  сообраќај  во  земјава, кој го реализира Владата на Република  Македонија.

Владата  на Република Македонија минатата година започна со реализација на проектот за доделување финансиска поддршка  за поттикнување и развој  на  воздушниот  сообраќај  заради  побрз  развој  на  цивилното  воздухопловство  и  формирање  на поконкурентни  и  подостапни  цени  во  воздушниот  сообраќај,  односно подостапни летови за граѓаните на Република Македонија на поголем број директни дестинации од Скопје.

По спроведената меѓународна постапка за доделување на финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај, беше избрана компанијата Виз Ер од Унгарија која како авиопревозник, предмет на финансиска поддршка од октомври 2012 воспостави шест нови дестинации од аеродромот „Александар Велики“ – Скопје  до Милано – Италија, Ајндховен – Холандија, Дортмунд и Минхен – Германија, Малме – Шведска и Базел Милхасуен – Франција.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Русија: Американски бомбардери откриени во близина на границата со Русија

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо