НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитите за правни лица

Од:

Почнувајќи од 08.04.2019 година, НЛБ Банка воведе нови кредитни продукти за правни лица со намалени каматни стапки и поповолни услови. Каматните стапки на новоодобрените кредити се намалени во просек до 1,5 процентни поени.

Новите кредитни продукти се наменети за мали, средни и големи претпријатија. Намената на овие кредитни продукти е за инвестиции во основен капитал, за обртен капитал и трајни обртни средства. Исто така, Банката воведе нови кредитни продукти за нето извозниците, кои се акцелератор на економскиот развој  во секоја земја. Новите кредитни продукти заедно со постојниот пакет за нето извозници формираат една од најцелосните понуди на услуги за овој пазарен сегмент. Дополнително на понудата, Банката започнува и со пласирање на средства од кредитната линија од МБПР ЕИБ V, со која се дополнува понудата со кредити со фиксна каматна стапка до 12 години.

Во периодот кој следува, во фокусот на работењето на Банката ќе биде поддршката на приватниот сектор преку креирање на продукти со поволни, атрактивни и кориснички прилагодени услови. Исто така Банката ќе продолжи со финансирањето на големите проекти и инвестиции преку поддршка со tailor-made продукти прилагодени на специфичните потреби и услови на поединечните проекти.

Освен во делот на финансирањето, НЛБ Банка е партнер кој освен финансиски средства и современи услуги, нуди и советување на клиентите, контакти со можни соработници во земјата и регионот (преку мрежата на НЛБ Групацијата), економско-техничка оценка на проектите и правна поддршка.

Сите заинтересирани клиенти можат да ги контактираат советниците од Деловниот сектор за корпоративни клиенти или да се обратат на e-mail: [email protected]

ПР Текст

Би можело да ве интересира

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ