Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Од:

Преговорите во Брисел за царините воведени од Европската унија за електрични возила увезени од Кина завршија со „големо несогласување“, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Преговарачите „не постигнаа решение прифатливо за двете страни“, иако „постигнаа значителен напредок во одредени области“, се вели во соопштението, пренесува Бета.

Официјален Пекинг ги покани преговарачите на ЕУ на следната рунда преговори што ќе се одржи во Кина.

Земјите-членки на ЕУ во петокот гласаа за воведување царини за електричните автомобили увезени од Кина, и покрај противењето на Германците кои стравуваат од трговска војна со Пекинг.

Европската комисија на тој начин воведе данок од десет отсто, кој е веќе на сила, плус доплата до 35 отсто за возилата со батерии од кинеско производство. Овие тарифи треба да стапат на сила на крајот на октомври.

Пекинг, кој го осуди како „неправедна и неразумна протекционистичка практика“, веќе одговори со воведување контратарифи за свинско месо, млечни производи и алкохолни пијалоци на база на вино увезени од ЕУ, вклучително и коњак.

Претставниците на Пекинг и 27 земји од ЕУ одржаа осум рунди преговори во Брисел од 20 септември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски

Кина тивко ги укинува царините за американските чипови

Горан Наумовски

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија