Неуспехот на буџетскиот договор во САД ги собори светските акции

Од:

Неуспехот да се постигне договор за буџетот во САД ги собори вредностите на светските акции, бидејќи инвеститорите стравуваат дека најголемата национална економија во светот може да потоне во рецесија доколку не дојде до постигнување договор.

Без договор економијата на САД на 1 Јануари ќе падне од “фискалната карпа”, што значи автоматско зголемување на даноците и намалување на потрошувачката, пренесе американската новинска агенција Асошиетед прес (АП).

Поради неизвесноста, европските акции забележаа пад на вредноста, па така францускиот берзански индекс ЦАЦ падна за 0,15 проценти, на 3661 поени, германскиот ДАКС за 0,5 отсто на 7.636 поени, а британскиот ФТСЕ берзански индекс за 0,3 проценти на 5939 точка.

На девизните пазари, еврото забележа остар пад од 0,5 проценти на 1,3159 долари.

Во Азија, јапонскиот индекс НИКЕИ 225 НА ЗАТВОРАЊЕТО е намален ЗА еден процент, на 9940,06, хонгконгскиот Ханг Сенг падна 0,7 проценти на 22,506.29 поени.

Јужно корејскиот КОСПИ ослабна за еден отсто на 1.980,06 поени.

Австралискиот индекс S & P / ASX 200 падна за 0,2 проценти на 4.623.60 поени, додека вредноста на акциите на берзите во Народна Република Кина беше поинаква.

Акциите во њујоршкиот Вол Стрит го изгубија залетот, индустрискиот Дау Џонс падна за 1,25 проценти на 13.147 поени, додека поширокиот S&P 500 падна за 1,3 проценти на 1424 поени.
“Фискалната карпа е вистинска закана, не само по растот во САД во 2013 година, туку и по прогнозите на растот на светската економија”, вели Џејн Фоли, аналитичарка во Рабобанк.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски