Неопходни адаптивни мерки за заштита на сточарството од климатските промени

Од:

Намалена продуктивност, загуби и појава на нови болести се очекуваат во сточарството ако Македонија не преземе адаптивни мерки за справување со климатските промени, е пораката од денешната работилница што ја организира Институтот за сточарство.

Науката предлага подобрување на расната структура, унапредување на менаџментот на фармите, воведување специфични режими на исхрана и подобра здравствена заштита на добитокот.

Во делот на растителното производство, пак, кое е основа за сточарството, се препорачува воведување поотпорни сорти, редуцирана обработка на почвата, ротација на култури, вложување во системи за наводнување, интродуцирање нови видови и оптимизација на ѓубрењето.

– Последиците од климатските промени ги гледаме постојано. Лани имавме „јазлеста кожа“, а од 2004 година се појави и „син јазик“. Ова се вектор-преносливи болести, кои пред една декада и повеќе ги немало на нашето поднебје. Но, се повеќе ќе бидат присутни и затоа мора да рагираме навреме, истакна професорот Методија Трајчев од Факултетот за земјоделски науки и храна.

Но, не само појавата на болести, додаде Трајчев, туку и се повисоките амбиентални температури во објектите за сместување на животните, посебно во летото, се одразуваат врз производството.

– Поради високите температури млечноста кај високопродуктивните крави падна за 28 отсто, но примената на одредени адапативни мерки покажа зголемување за осум до 25 проценти, напомена професорот според кој, зависно од финансиската можност на фермерите може да се преземаат мерки од засенчување на просторот, до поставување современи системи за разладување.

На работилницата беше посочено дека во однос на климатските промени, се уште проблем број еден се стакленичките гасови. – Македонија нема систем на адекватно собирање податоци поради што и не може да направи суштинска пресметка на нивната емисија, рече Теодора Грнчаровска од Министерството за животна средина и просторно планирање, додавајќи дека ЕУ предвидува 20 отсто намалување на стакленичкиите гасови до 2020 година.

Предвидувањата на УХМР се дека до 2025 година просечната температура во земјава поради климатските промени ќе се зголеми за 1,2 степена, а врнежите ќе се намалат за четири отсто. До 2100 година проекциите се зголемена температура за 3,9 степени и намалени врнежи за 19 проценти.

Би можело да ве интересира

Сточарите се уште ги чекаат субвенциите, најавуваат блокади на патиштата

Ана Ололовска

Димовски: Фокусот е да се задржат пазарите на кои се пласира македонското јагне

Ана Ололовска

Сточниот пазар во Трубарево затворен овој вторник поради појава на болеста син јазик кај животните

Жарко Настоски

АФПЗРР: Почна аплицирањето за субвенции за прва фаза произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети

Ана Ололовска

При крај рокот за аплицирање за набавка на педигриран приплоден добиток

Ана Ололовска

Деветта средба на сточари и земјоделци

Наум Локоски