Нема проценки за македонски пари во кипарските банки

Од:

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска изјави дека согласно законот, македонските граѓани не смеат да имаат сметки на физички и правни лица во странство.

– Такви проценки немаме, ниту очекуваме дека има такви сметки, истакна Ставрески на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање дали има информации колку пари на македонските граѓани има во кипарските банки и дали се размислува за даночно амнестирање.

Претходно директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски изјави дека неговиот предлог за даночна амнестија на заштедите во странските банки станува атрактивен, особено по последните случувања во Кипар.

– Факт е дека законот за одданочување на депозити, Кипар го прави како неатрактивна дестинација. Она што го промовирав пред неколку години, односно можноста за даночна амнестија на нашите резиденти да го вратат капиталот во Република Македонија станува атрактивна затоа што Кипар нема да биде единствено решение. Ова ќе биде само почеток на она што ќе се случува во Европската унија како појава, истакна Трајковски на предавањето на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар