НБРМ: Растот на економијата годинава 2,3 проценти

Од:

Растот на македонската економија за годинава според најновата проекција на Народната банка на Република Македонија ќе изнесува 2,3 проценти.

Како што соопшти на прес-конференција гувернерот на НБРМ Димитар Богов, за наредната 2017 година се очекува растот да забрза и да достигне 3,5 проценти и во 2018 година 3,7 проценти.

Растот на БДП годинава ќе биде помеѓу основното и алтернативното сценарио од априлската проекција при пониски остварувања кај инвестиции наспроти солидните остварувања кај личната потрошувачка и повисокиот извоз, посочи Богов.

Според основната априлска проекција растот на БДП за годинава беше проектиран на 3,5 проценти, а според алтернативното сценарио изнесуваше 1,6 проценти.

Носители на растот за годинава се инвестициите и увозот, а дополнителен импулс дава и приватната потрошувачка. Стапката на инфлација за 2016 да изнесува нула проценти наспроти очекуваната од 0,5 проценти во април.

Во 2017 и 2018 се очекува забрзување на растот на цените и стапка на инфлација од 1,3 во 2017 и околу 2 проценти во 2018 година.

Во 2016 година растот на депозитите е забавен и ќе изнесува 2,6 проценти поради шпекулативниот напад од април годинава и се очекува со стабилизацијата на растот на економијата во наредните две години да дојде до забрзување на кредитниот раст на околу 7,5 проценти.

Кредитниот раст годинава е задржан на солидно ниво и се оценува дека ќе изнесува 5,6 проценти на крајот на годината, а натамошниот раст на економијата, растот на депозитите и стабилните согледувања за ризик на банките, сметаат од Народната банка, ќе придонесат кон забрзување на растот на 6 до 7 проценти годишно.

Како што информира Богов, банкарскиот систем и натаму е стабилен, ликвиден и висококапитализиран.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост е значително зголемена изминатите години, работиме на натамошно унапредување

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите