Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов денеска обвини дека со последните две аукции е зголемен долгот за нови 12,7 милиони евра.
„Министерот за финансии самиот си го демантираше вчерашното соопштение од Министерството за финансии.
Министерот за финансии со последните две аукции го зголеми јавниот долг за нови 12.7 милиони евра.
Кирил Миноски изминативе седум дена ги задолжуваше граѓаните со по 1.8 милиони евра на ден, што е далеку од приближување на нето долгот кон нула на неделна основа, како што тврдеше.
Ова власт зад себе ќе остави 5 милијарди евра долг на товар на граѓаните“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, во врска со аукцијата на државни хартии од вредност одржана на 18.10.2016 година.